Тимо Вернер подготвен да потпише за Ливерпул летово

Тимо Вернер, РБ Лајпциг

Германскиот фудбалски репрезентативец Тимо Вернер е подготвен во текот на следниот преоден рок да потпише за актуелниот европски шампион, доколку Ливерпул ја плати отштетата од 60 милиони евра, којашто е наведена во неговиот договор до РБ Лајпциг, објави британски SkySport.

Клаузулата за можното заминување на Тимо Вернер од РБ Лајпциг важи до 15-ти јуни годинава, па Јирген Клоп нема многу време и простор за премислување. Оваа излезна клаузула е вградена во договор на играчот кога ги продолжи дотогаш важечкиот договор, со кој се обврза на верност на германскиот клуб до летото 2023 година.

Ливерпул не е единствениот клуб кој е заинтерсиран за напаѓачот кој постигна 88 погодоци во четирите сезони настапување за Лајпциг, каде што дојде во 2016-та од Штутгарт. Уште минатото лето Вернер беше блиску до минување во редовите на минхенски Баерн, кој тогаш нудеше 30 милиони евра, но иако договорот пропадна интересот на Баварците не престана.

Меѓутоа, Ливерпул има предност пред другите заинтересираните екипи, бидејќи Вернер повеќепати истакнуваше дека „Редси“ се најдобрата екипа на светот, а Јирген Клоп го нарекуваше најдобар тренер на светот. Покрај сето тоа, како што наведуваат медиумите, во последниот период го проширувал своето знање на англискиот јазик.