Тимоние: СЈО во себе содржи степен на опасност, добро е да биде под редовниот судски систем

Слујајот „Рекет“ За нас тоа беше шок, од кој се стаписавме, како и македонската јавност…Тешко е да се предвидат сите можни исходи во овој момент.

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние во интервју за Алсат ја нагласува потребата за целосна истрага за случајот „Рекет“ со цел да се врати довербата во правдата и во институциите. Тимоние, исто така, смета дека е добро решение спојувањето на Специјалното обвинителство со Обвинителството за организиран криминал. Тој вели дека датумот на преговори зависи од борбата против корупцијата и исполнувањето на реформите.

Како ја коментирате неодамнешниот афера што ја потресе земјата, случајот „Рекет” и наводите за евентуално вклучување на главниот обвинител во оставка Катица Јанева во овој случај?

За нас тоа беше шок, од кој се стаписавме, како и македонската јавност…Тешко е да се предвидат сите можни исходи во овој момент. Сепак, сметаме дека тоа е тежок и многу важен случај, бидејќи во времето кога го направивме Пржинскиот Договор, и ние заедно со другите претставници, присуствувавме кога беше формирано Специјалното јавно обвинителство. Тоа беше важен елемент во обновувањето и враќањето на кредибилитетот на државата и судството.

Од обвинувањата што ги слушаме за ова прашање може да се заклучат две работи: Или станува збор за клевета која мора да се повлече во интерес на засегнатото лице, како и во интерес на институцијата или тоа е нешто што треба да биде подлабоко истражено.

Јасно е дека за доброто на државата, заради правдата, мора да се направи темелна и вистинска истрага, за да нема простор за загриженост што би биле штетни за сите“, вели Тимоние.

Владата предлага СЈО да се спои во обвинителството за организиран криминал и да го води обвинителката Вилма Рускоска? Дали мислите дека владиното решение е најдоброто можно за иднината на обвинителството и случаите што ги истражуваше?

Јас веќе истакнав дека самото СЈО во себе содржи степен на опасност. Би било позитивно доколку надлежноста на ова институција биде под редовниот судски систем. Многу аналитичари го побараа тоа, а исто и опозицијата. Ова е добра вест и добар знак, дискусиите и забелешките кои би биле на оваа тема, како и опасностите кои произлегоа од последниот случај, можат да доведат до позитивни резултати, додава Тимоние.

 Колку овие афери и немањето решение за СЈО може да влијае во одлуката на Франција во однос на доделувањето на датум за преговори?

Имиџот за Балканот кој преовладува кај населението во Франција, е имиџ на еден регион каде има насилство и корупција…случаите за кои зборувавме, за жал не водат кон подобрување на таа слика која секако не е единствената кога зборуваме за овој регион, но треба да тргнеме од оваа гледна точка. Постои цел список на точки за борбата против корупција, двоење на партијата од државата, реформите во администрација и во сферата на медиумите. Сите овие точки за жал се во суштината на случајот за кој зборувавме. Во наредниот период можеби ќе се најде решение за сите нив во рамки на законот. Јас мислам дека две работи треба да се земаат предвид. Прво, во врска со рекетот, телевизијата и наводните врски со политичарите, треба да се види како ќе се решат овие прашања во првиот конкретен случај. Втората работа се однесува на тоа која ќе биде реакцијата на вмешаните политички партии за да најдат издржано решение кое ќе ја врати довербата кај луѓето тука, во Северна Македонија и нашата доверба, во владеењето на правото. Јас не можам да предвидам какви одговори ќе бидат дадени. Сѐ уште има време да се реагира за да се врати довербата. Сигурно е дека чекаме да се случи нешто, вели Тимоние.