Тимошенко ги поддржа демонстрантите во Киев: Вие сте херои

Демонстрантите на украинските улици добија поддршка и од поранешната премиерка Јулија Тимошенко.

„Заштитете ја Украина и не се плашете од ништо. Украина нема никој друг да ја брани. Вие сте херои“,им порачала Тимошенко на демострантите кои веќе два месеци протестираат во Киев поради одлуката на претседателот Виктор Јанукович да ги замрзне односите со ЕУ и да се здружи со Русија.

Тимошенко, која издржува затворска казна, им рече на демонстрантите дека да можела, и таа ќе била со нив на улица, пренесе АФП.

Од синоќа во центарот на Киев има неколку стотици илјади демонстранти. Полицијата употребува солзавец.