Тимошенко: Јанукович да се повлече

Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко е подготвена да разговара со претседателот Виктор Јанукович гаранциите за неговата и безбедноста на неговото семејство по неговото повлекување од функцијата, вели таа во интервјуто за списанието „Зеркало недели“.

Тимошенко смета дека оставката на Јанукович е единствениот услов што мора да се исполни за да се започнат преговори за регулирање на ситуацијата.

„Покрај тоа опозицијата треба да формира обединета група за изработка на ефективни политики при промената на власта“, смета поранешната премиерка.

Опозицијата мора да води активни преговори со Западот и доверителите, но и да не го остава настрана решавањето на економските проблеми на земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.