Тимошенко заминува на лекување во Германија

Неодамна ослободената поранешна украинска премиерка и една од челниците на опозицијата во таа земја, Јулија Тимошенко, следниот месец ќе замине во Германија на лекување, стои во соопштението објавено на нејзината Интернет страница.

„Поранешната премиерка Јулија Тимошенко ја прифатила понудата на германската канцеларка Ангела Меркел да се лекува во Германија“, стои во соопштението.

Таа на лекувањето ќе замине откако ќе присуствува на конгресот на Европската народна партија во Даблин, кој што започнува на шести март.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.