Тимот на Бајден разгледува правна постапка по одложувањето на државната агенција да го прогласи конечниот победник

Тимот за предавање на власта на објавениот победник на американските претседателски избори од 3-ти ноември, демократот Џо Бајден, ја разгледува можноста за правна постапка поради одложувањето на сојузната агенција да го соопшти конечниот резултат од гласањето, односно според нив да го прогласи Бајден за победник, соопшти извор од неговиот тим.

Управата за општи работи (GSA) вообичаено го прогласува претседателскиот кандидат за победник кога ќе стане јасно кој победил на изборите за да започне пренесувањето на власта. Но тоа го прави откако ќе завршат сите правни постапки и ќе ги добие конечните резултати од изборните комисии со кои ќе се потврди дека еден од кандидатите ги собрал неопходните 270 електорски гласови.

Засега тоа сѐ уште не се случи, иако американските медиуми уште во четвртокот, четири дена по изборите што е невообичаено за САД каде резултатите се познати уште во текот на изборната ноќ, го прогласија Бајден за победник, откако според нивните процени освоил доволен број електорски гласови а со тоа и претседателскиата функција.

„Праваната постапка сигурно е една од можностите, но постојат и други опции коишто ги разгледуваме“, рекол за Reuters функционер од тимот на Бајден кој барал да остане анонимен, без да наведе за кои други опции станува збор.

Покрај тоа, поради одложувањето на GSA да го прогласи конечниот победник имајќи ги предвид бројните тужби што ги поднесоа кампањата на претседателот Доналд Трамп и републиакнците, тимот на Бајден не може да дојде до сојузниот фонд од милион долари и не може да се среќава со функционерите на разузнавачките агенции и министерствата.

Законот не наведува изрично кога GSA мора да се огласи, а вообичаено е тоа кога ќе ги добие конечните потврди за исходот или откако едниот од кандидатите јавно ќе го признае поразот. Но тимот Бајден инсистира дека нивната победа е чиста и дека одложувањето не може да се оправда и покрај тоа што Трамп одбива да го признае поразот.

Директорката на GSA, Емили Марфи, именувана на должноста во 2017 година по доаѓањето на администрацијата на Трамп, сѐ уште не го потврдила „јасниот победник“, соопшти нејзината портпаролка.

Извор близок на Марфи рекол дека станува збор за темелен професионелец кој ќе го земе неопходното време за да донесе внимателно промислена одлука.

Трамп инсистира дека на изборите се случила масовна измама, и најави дека наскоро ќе изнесе докази. Републиканците, исто така, обајвија дека поседуваат стотици писмени изјави со сведоштва за изборни нерегуларности, поради што поднесуваат низа тужби, иако шефовите на изборни комисии во некои окрузи во клучните сојузни држави тврдат дека нема докази за „значителни неправилности и зимами“.

Висок функционер потестува и дека GSA дури пет седмици не дозволи почетокот на формалната транзиција на власта по изборите во 2000 година, кога се соочија републиканецот Џорџ В. Буп помалдиот и демократот Ал Гора, а по неколку пребројувања пресудни беа ститина гласови на Флорида.