Тимот на Камилоски изведе успешно пресадување на коскена срцевина

Хируршкиот тим на проф др Виктор Камилоски искусен и признат трауматолог го изведе првото пресадувањена коска од една на друга нога кај 22 –годишна пациентка повредена во сообраќајна несреќа.

На  Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ -Скопје  првпат во Македонија и во регионов е направено ткн аутологно пресадување на коскено ткиво и коскена срцевина, интрамедуларно (од коскениот канал) од  едната нога на другата кај 22-годишна пациентка повредена во сообраќајна незгода со тешка скршеница на бутната коска.

Ова преставува современа,модерна и минимално-инвазивна  оперативна интервенција каде земената коска и коскена срцевина се трансплантирани на голем коскен дефект (околу 9цм) на другата бутна коска а од друга страна самото коскено ткиво носи клетки кои се мултипотентни и многу брзо создаваат ново коскено ткиво-калус. Исто така треба да се напомене дека и се намалува потребата од други и екстензивни и мутилантни операции кај пациентите со скршеници кои не заздравуваат, кај инфицирани скршеници или пак кај неправилно зараснати фрактури ка кои е потребна коскена корекција.

Исклучително високото ниво на специфичен развој на научната мисла и практика во областа на трауматологија во последните десет години ќе доведе до значајни резултати во лекување тешките скршеници што ми овозможи хируршки третман кај траума пациентите со тешки скршеници на коските и зглобовите.

Со ова слободно можеме да кажеме дека со овој тип на операциа изведена од тимот на Проф Др Виктор Камилоски кој ја изведе ова комплицирана операција ќе и овозможи на пациентката нормално функционирање на повредента нога без да инвалидитет однсно слободно движење без патерици или инвалидска количка.

Ваквиот тип на оперативни интервенции на скелетниот систем овозможува пациентите да ги уживаат сите привилегии односно ја имаат полната слобода на движењата на оперираните зглобви односно на нашите пациенти да им го направиме животот многу по удобен и без болка.

Камилоски напоменува „ Што произведуваат болниците ? Одговорот е Здравје.  А за тоа да се овозможи  потребно е болниците и клиниките во РМ да бидат добро опремени и да има високо професионален стручен кадар што ке одговори на сите предизвици. За ова последново потребно е макотрпна работа, самодисциплина, самоодрекување како и посета во елитни медицнски центри ширум Европа и тоа се со единствена цел –борба за секој човечки живот повреден во сообракајна незгода.

Камилоски напоменува,РМ е членка на една престижна организација наречена СЗО(светска здравствена организација). СЗО е лидер по прашањата на глобално здравје и ние како РМ  треба да се трудиме да ги исполнуваме  бројните обврски што ни ги задава СЗО. Во 21 век  мислам дека и длабоко сум убеден дека здравјето е заедничка одговорност не само на медицинскиот персонал туку и на сите компетентни институции во земјава ,одговорност која подразбира еднаквост во достапноста на здравствената заштита.  Затоа потребно е разбирање од страна на комптетнтните здравствените ресори и институции во РМ кои ќе имаат разбирање за задоволување на потребите на болниците и клиниките со медицински потрошен материјал, набавка на нова медицинска опрема, реновирање на постечките здравствени капацитети а со тоа ќе водат грижа за своите пациенти кои во случај на сообраќајна несреќа траума жртвите немаат време да чекаат и да се соочат со тешки компликации кои можат да доведат до смрт.

Благодарение на ваквата специфична и современа операцијата пациентите во РМ кои се со тешки и комплицирани скршеници многу побрзо ќе закпрепнуваат и после обавената рана рехабилитација многу побрзо ке се вратат на своите секојдневни и работни обврски без да имаат било каков хендикеп .