Тимот на Трамп остро ја критикува одлуката на Бајден за ракетите за Украина

Сојузниците на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот остро ја критикуваа одлуката на претседателот во заминување Џо Бајден да ѝ дозволи на Украина да користи американски ракети со долг дострел за напад на територијата на Русија, обвинувајќи го за сериозна ескалација на војната

Бајден, кому му преостануваат уште два месеца од мандатот, значително ја промени политиката на земјата попуштајќи пред долгогодишното барање на Украина, која речиси три години се бори против руската инвазија.

Новата политика и ветувањето на Бајден за забрзување на воената помош за Украина доаѓаат додека САД се подготвуваат Трамп да ја преземе функцијата во јануари, при што тој ја доведува во прашање американската помош за Киев за продолжување на војната. Трамп повеќепати ветуваше дека брзо ќе стави крај на војната, но не кажа како ќе го направи тоа.

Додека руските едници забрзано напредуваат на фронтот во, како што се чини, кончената решеноста на Москва да ги потисне што подлабоко на украинска територија трупите на Киев, и сѐ повеќе се зборува за преговори, Украина стравува од неповолна позиција во случај на мировни преговори.

Москва предупреди дека ќе обезбеди „соодветен“ одговор доколку навистина се користат американски ракети на руска терторија затоа што за нивно користење неипходна е логистика и кадар кои Украина ги нема а што значи дека со таквите системи ќе оперира воен кадар на западните земји, а тимот на Трамп го обвини Бајден за ескалација на војната од политички причини.

На дневниот брифинг, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Метју Милер ја обвини Русија за ескалација бидејќи прифатила распоредување на севернокорејски трупи за борба против украинските сили. Меѓутоа, повторно не даде никакво доказ за тоа, а освен тоа – како што му порачаа на Западот од Москва и Пјонгјанг – евентуалното распоредување на севернокорејски војници на руска територија би било во согласност со меѓународното прави и билатералните договори.

Милер истакна дека „Бајден, а не Трамп, сè уште е претседател на САД“.

Сепак, потегот на Бајден ја комплицира ситуацијата за идната администрација на Трамп.

Сосема нова војна

„Тоа е уште едно скалило на скалата на ескалација и никој не знае каде оди ова“, изјави за Fox News, Мајк Волц, изборот на Трамп за советник за национална безбедност.

„Никој не очекуваше дека Џо Бајден ќе ја ЕСКАЛИРА војната во Украина во периодот на транзиција. Ова е како да започнете цела нова војна“, напиша на социјална платформа X, Ричард Гренел, кој беше вршител на должноста директор на агенцијата за разузнавање (DNI) во првиот мандат на Трамп.

„Сега сè е променето, сите претходни пресметки сега се ништовни. И сето тоа е заради политиката“, рече Гренел.

Гренел во моментов нема позиција во претстојната администрација, но неговото име се појави во дискусиите за можен државен секретар пред Трамп конечно да одлучи да го избере сенаторот Марко Рубио.

Доналд Трамп Јуниор уште во неделата вечерта која веста на The New York Times и Reuters за одлуката на Бајден – која инаку сѐ уште официјално не ја потврди во понеделникот на брифингот Стејт департментот, ниту Пентагон а самиот Бајден одби да ја потврди на директно новинарско прашање во Бразил, реагираше со критика пишувајќи на X: „Се чини дека воено-индустрискиот комплекс сака да се погрижи да започне Третата светска војна пред татко ми да добие шанса да создаде мир и да спаси животи“.

Самиот новоизбран претседател не зборуваше јавно за промената на политиката на Бајден во однос на ракетите со долг дострел.

„Тој е единствениот човек кој може да ги доведе двете страни на маса за да преговараат за мир и да работат на завршување на војната и запирање на убиствата“, рече портпаролот на Трамп, Стивен Чеунг.

Илјада дена војна во Украина

Пред враќањето на Трамп на власт, Бајден можеби се обидува да обезбеди поддршка за Украина.

Како што војната навлегува во својот 1.000-ти ден, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига во вторник ќе го посети американскиот Конгрес за да се обиде да добие дополнителна поддршка.

Трамп, кој ја презема должноста на 20-ти јануари, рече дека би можел да ја заврши војната „во рок од 24 часа“ и ја доведе во прашање повеќе од 60 милијарди долари воена помош што САД и ја дадоа на Украина од избивањето на војната.

„Како да ги доведеме двете страни на маса за да се стави крај на оваа војна? Што е рамковниот договор и кој седи на таа маса? Тоа се работи на кои јас и секако претседателот Трамп ќе работиме“, порача Волц.

Набргу по неговата изборна победа над Камала Харис на 5-ти ноември, Трамп разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го нарече разговорот „конструктивен“.