Мобилни тимови на Црвениот крст на Република Македонија 24 часа е на терен. Ангажирани се 14 лица кои се обучени за делување за одговор и справување со елементарни непогоди, а од утре ќе бидат ангажирани дополнителни волонтери кои ќе бидат повлечени од транзитните центри во Гевгелија и Табановце.
Приустни сме во неколку пунктови. Своја дежурна екипа имаме во нашите магацини во Момин Поток во ОУ „Наум Наумовски Борче“, на последната автобуска станица 45 во Сингелиќ, и во училиштето „25 Мај“. Сите мобилни тимови освен логистика и тимови за проценка имаат и медицински лица кои се тука да помогнат и на итните медицински служби на Министерството за здравство. Хуманитарната помош со која што во моментов располага Црвен крст на РМ за првичен одговор ги задоволува потребите, а веќе од утре ќе имаме посебен систем за донирање и прибирање на дополнителна хуманитарна помош, изјави Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвен крст на град Скопје.
Таа упати апел до граѓаните да ги следат инструкциите кои доаѓаат од институциите и од страна на Црвен крст на Македонија се со цел да не бидеме конфузни и да одговориме на приликите на теренот.
Екипите на Црвен крст се вклучени и во делот на транспортот на сите оние лица кои имаат потреба од дополнително сместување, како и транспорт до болниците и до Клиничкиот центар.
– Од минатата ноќ од 23 часот сме на терен во соработка со градоначалникот на град Скопје, со Министерството за труд и социјална, со ЦУК за територија на град Скопје. Сите заедно излгеовме на терен. До 5 и 20 часот бевме мобилни на теренот на Стајковци и Сингелиќ, а веќе од денеска нашите мобилни тимови ќе бидат 24 часа на терен. Од утре ќе бидеме збогатени со голем број дополнителни волонтери кои ќе бидат повлечени од транзитните центри во Гевгелија и Табановце, додаде таа.
Информираше дека дистрибуцијата на вода за пиење започнала пред три часа. – Имаме доволно количини вода за пиење. Досега се дистрибуирани повеќе од 15 тони вода на пунктовите на ОУ „Наум Наумовски Борче“ и во „25 Мај“, а мобилните тимови на Црвен крст во соработка со Армијата ја дистрибуираат водата директно во подрачјата на Стајковци, Сингелиќ и Брнарци, истакна генералниот секретар на Црвениот крст на град Скопје.