Тина Тарнер може да биде кремирана

Американската пејачка којашто долги години живееше во Швајцарија чија државјанка стана Тина Тарнер, родена како Ана Меј Булок, може да биде кремирана затоа што била будист, пишува 247 news agency.

Во веста се забележува дека пејачката, којашто е родена во семејство на баптистички свештеник, се преобратила во будизам уште во средината на 1970-те години.

Бо бројни интервјуа Тарнер признаваше дека религијата и овозможувала да излезе токсичните односи и да го спознае својот внатрешен мир.

Пејачката која минуваше низ низа турбулентни периоди во животот, почина во средата на 83-годишна возраст, по долго боледување во својот дом близу Цирих.

Нејзиниот претставник за медиумите објави дека прошталната церемонија со пејачката ќе биде приватна, а на погребот ќе присуствуваат само семејството и блиските пријатели.