Тина Тарнер преживеала мозочен удар

Познатата американска пејачка,  Тина Тарнер преживеа мал мозочен удар. Таа периодов е во стабилна состојба и одлично закрепнува.

„На добар пат е брзо да заздраве“, открива нејзиниот возач и соработник Алберт Б.

Уште во февруари се пишуваше дека Тарнер имала мозочен удар додека се одморала во својата куќа во Шварцарија. Сепак, таа информација беше демантирана бидејќи пејачката наводно имала грип.

Минатата година Тарнер се омажи за долгогодишниот партнер, германскиот продуцент Ервин Бах, со кој се запознаа во 1986 година во Германија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.