Деветнаесетгодишник е обвинет за помагање илегална имиграција откако четворица мигранти ги загубија животите во обидот да го минат Ла Манш кога гумениот чамец со кој пловеле почнал да тоне.
Еден од четворицата загинати во трагедијата во средата бил тинејџери, соопштија локалните власти. Британски рибарски брод успеа да спасат 39 мигранти, од кои 12 деца.
Полицијата во неделата соопшти дека осомничениот, 19-годишниот Ибрахим Бах, без постојана адреса, е обвинет дека помагал во илегалните влегување во Велика Британија. Тој ќе биде изведен пред судот во понеделник во Фокстоун, на југот на Англија, додаде полицијата.
Бродоломот се случи пред една година по претходен бродолом в ој, во настојувањата да стасаат до британскиот брег, смртно настрадаа 27 мигранти.
Во моментов температурите на мигрантската рута меѓу Англија и Франција се многу ниски. Од почетокот на годината во фреквентните води на Ла Манш се обиделе да ги минат повеќе од 45.000 мигранти. Британските власти во средата откриле на осум пловила 401 мигрант.
Прашањето на мигрантите е многу чувствително за британската конзервативна влада којашто вети дека излегувањето од Европската унија ќе му овозможи на Лондон да ја „врати контролата“ над своите граници.
Кон средината на ноември Лондон и Париз потпишаа нов договор во настојувањата да се зајакне партнерството и заедничката борба против нелегалната миграција, а британскиот премиер Риши Сунак оваа седмица најави нов пакет мерки за одвраќање на мигрантите од обидите за опасни преминување на Ла Манш.