Тинејџер прегази пешак кај Соборен храм, биле пренесени во болница

На 26.06.2022 во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и бул.„Св.Климент Охридски“, патничко возило „даеву“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(19) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(58) од Скопје.

-Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а Ф.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информираат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.