Тинејџер прободен во парк во Драчево

17-годишно момче е прободено со остар предмет во парк во Драчево.

-Синоќа во 01.15 часот С.Ѓ.(28) од Скопје пријавил дека на 02.01.2021 околу 23.40 часот во парк во населбата Драчево, неговиот 17-годишен внук бил физички нападнат од две лица, од кои едното од нив употребило остар предмет, нанесувајќи му убодна рана во пределот на ногата, велат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.