21.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Тинејџер смртно прободен во Ново Лисиче

Трагичниот настан се одиграл ноќта, 35 минути по полноќ. На инцидентот му претходела расправија меѓу неколку момчиња со 18-годишниот К.А. кој бил во друштво 17-годишниот Д.К.. Во еден момент Т.А. извадил нож и му нанел неколку повреди на Х.Н.

Момчето било живо додека пристигнала екипата на Итна помош и било пренесено во Клиничкиот центар, но поради обилното крвавење починало.

Напаѓачот бил фатен од граѓани и другари на ранетиот, па ѝ бил предаден на полициска патрола, според очевидци на настанот.

Според Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен во 00,35 часот во СВР Скопје кога било пријавено дека на улицата „Февруарски поход“ започнале расправија од страна на неколку лица со А.Т. кој бил во друштво со К.Д. , која продолжила и со физичка пресметка. Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х. .

Н.Х. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал, а А.Т. бил пронајден и приведен во полициска станица.

„Независен весник“ објави снимка од тепачката која претходела на убиството, снимена од околните згради.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.