Тинејџер со автомобил удрил во дива свиња, тешко повредена малолетната сопатничка

Ноќта кон средата, 40-ина минути по полноќ во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионалниот пат Валандово – село Пирава, во близина на место викано „Страиште“, патничко моторно возило „шевролет“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот И.В.(19) од селото Јосифово, удрило во дива свиња, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од селото Удово, констатирани во ЈЗУ-Здравствен дом Валандово.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Валандово.