Тинејџер со пиштол од Лего коцки предизвика хаос во  Германија

Тинејџер со оружје направено од популарните „Лего“ коцки предизвикал силно вознемирување во јужниот германски град Линдау, откако полицијата по паничните повики испратила бројни единци кон ресторанот во чија близина се движел малдиот маж, соопшти службата за односи со јавноста на сојузната покраина Баварија.

Инцидентот се одиграл во петокот вечерта во градот Линдау со околу 25.000 жители, сместено на истоимениот остров во источниот дел на Боденското Езеро.

„Гостин во ресторанот Зунфцен бил многу изненаден кога видел млад човек во маскирна облека со нешто што многу јасно изгледало на оружје во рацете и кој се движел горе-долу по Максимилијан штрасе. Бидејќи веднаш не беше јасно дали станува збор за вистинско оружје, неколку полициски патроли, вклучително и федералната полиција беа активирани од Ландау и други региони. Се испостави дека станува збор за играчка оружје“, се вели во полициската објава.

Локалните медиуми појаснуваат дека станува збор за „пиштол“ составен од коцките „Лего“. Не е појасното што го поттикнало 15-годишното момче на јавно место да се појави со „оружјето“, но полицијата му вети дека ќе биде казнето „во согласност со кривичниот законик“.