Тинејџер уби тројца средношколци во Мичиген, шестмина повредени

Најмалку три лица се убиени, а шест се повредени во пукањето во средно училиште во градот Оксфорд во американската сојузна држава Мичиген. Се верува дека тројцата убиени се ученици, а меѓу ранетите е и еден професор.

Напаѓачот е идентификуван како 15-годишник кој е втора година во училиштето. Тој бил приведен без да дава отпор пет минути по доаѓањето на полицијата, кажаа од канцеларијата на шерифот.

Шерифот на округот Окленд, Мајк Мекејб, изјавил дека не ги знае мотивите на напаѓачот во училиштето во Оксфорд во истоимениот град, заедница со околу 22.000 жители, на околу 48 километри северно од Детроит.

Властите го уапсиле осомничениот во училиштето и го пронашле пиштолот.