Тинејџер претепан пред дискотека во Градски парк

Рано утрото во петокот деветнаесетгодишник пријавил дека неколку часа претходно во скопскиот Градски парк бил физички нападнат од две за него непознати лица

Утрово во 05.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Д.Д.(19) пријавил дека истиот ден околу 03,00 часот во близина на дискотека во Градскиот парк бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.