Тинејџерка повредена во сообраќајна несреќа на мостот на Вардар

Шеснаесетгодишно девојче било тешко повредено во петокот во сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Скопје – Тетово, кај мостот на реката Вардар, кога автомобилот во кој се наоѓала излетал од коловоор и се превртел на покривот.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила кога скопјанецот 53-годишниот Ш.С. управувајќи патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки излегол надвор од коловозот, удрил во бетонската ограда од мостот, по што се превртел на покрив.

Девојчето од Скопје, кое било сопатничка, со возило на итна медицинска помош било пренесено во Клиничкиот центар Тетово, каде биле констатирани тешки телесни повреди.

По укажаната лекарска помош девојчето било префрлено во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид на местото на настанот.