Тинјеџер во Охајо, повикува на крај на ширење дезинформации за вакцините

Пропагирањето на овие лаги е опасно

 Тинејџер во Охајо, кој што неодамна доби големо медиумско внимание поради тоа што бил вакциниран против волјата на својата мајка, во вторникот имаше излагање пред Сенатот со став дека ширењето на дезинформации за вакцини е опасно – но ја повика јавноста да не ги клевети оние што го прават тоа. Итан Линденбергер, поради фактот што неговата мајка е анти-ваксер и строго се придржува до идејата дека вакцините предизвикуваат аутизам и оштетување на мозокот, не бил имунизиран против болести  вклучувајќи мали сипаници и детска парализа до декември минатата година, откако наполнил 18 години и можел сам да носи одлуки за грижата за сопственото здравје.

Пристапот кон ова прашање со поголема информираност и правилно посочување на дезинформациите може да предизвика промена, како што тоа е случај кај мене“ – кажал 18 годишниот Итан Линденбергер за време на своето сведочење пред Сенатот да ја одржи Комисијата за здравство, образование, труд и пензии во вторникот. “Иако дебатата околу вакцините не е нужно центрирана околу информациите и грижите за здравјето и безбедноста, ова е причината зошто едукацијата е толку важна, и дезинформациите се толку опасни, додал Линденбергер.

Матурантот од средното училиште во Охајо, во вторникот говореше како дел од сослушувањето на Сенатот за вакцините и епидемиите за спречување болести, заедно со лекарите и службите за јавно здравје. Во своите забелешки, Линденбергер ги опиша научните докази во кои се вели дека вакцините се безбеден и ефикасен начин за спречување на болести и не предизвикуваат аутизам. Исто така, во понеделникот, уште една голема студија, спроведена во Данска, на оваа тема не покажа поврзаност помеѓу вакцината против мали сипаници, заушки, рубеола со аутизмот.

Со текот на времето, Линденбергер почнал да се сомнева во ставовите на неговата мајка за вакцините и да ги доведува во прашање изворите од интернет кои таа ги сметала за релевантни. „Нејзините убедувања не беа веродостојни и пропагирањето на овие лаги е опасно, пишувало во сведоштвото на Итан.

Всушност, Линденбергер вели дека организациите што даваат лажни информации, а не луѓето што веруваат во нив поради грижа за своите најблиски, се вистинскиот проблем. Тој истакна дека бара информации од организации како што се Центрите за контрола на болести и Светската здравствена организација (СЗО), наместо на веб-страниците и социјалните мрежи на кои што е активна неговата мајка.

Линденбергер, исто така ги доведува во прашање државните системи преку кои им се овозможува на учениците да ги избегнуваат задолжителните вакцини поради лични религиозни или филозофски убедувања.

Бев извлекуван од часови секоја година и ми беше кажано дека ако не ги примам вакцините, нема да можам да продолжам да учам во моето средно училиште”, сведочи Линденбергер. „Секоја година ги избегнував редовните имунизации и поради постојната законска регулатива ми беше дозволено да посетувам државно средно училиште и покрај тоа што јас бев невакциниран. На тој начин, моите соученици беа ставени во опасност.

Сојузните и меѓународните здравствени организации долго време велат дека вакцините се безбедни и ефикасни за мнозинството, освен оние кои имаат алергии или мал број поединци со конкретни медицински проблеми. Во извештајот од минатата година, СЗО предупреди дека отпорот на вакцинацијата им се заканува на напредокот од изминатите години во јавното здравство и во борбата против болести како сипаници во повеќе делови од светот.