Тиранската средба нема да ги спаси Ковачевски и СДС од катастрофалниот пораз кои ќе го доживеат на следните избори

-Никакви средби и спроведување на туѓи агенди нема да го спасат од катастрофален пораз Димитар Ковачевски и СДС на следните предвремени парламентарни избори. Ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Целосниот молк од страна на СДС за средбата во Тирана е само уште еден доказ дека оваа средба е по барање на Ковачевски за спас на неговата кариера. Оваа средба е токму на барање на Димитар Ковачевски за да добијат помош за продолжување на мандатот, а за возврат да се реализираат други агенди на штета на Македонија. Евидентна е паниката и стравот на СДС и ДУИ за опстојувањето на нивната влада, бидејќи вртоглаво ја губат довербата од граѓаните, па затоа им беше потребна оваа средба“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека СДС и Ковачевски треба да одговорат дали од средбата во Тирана на маса ќе добијат повторно штетни договори, кои за спас на своите кариери безпоговорно ќе ги прифатат?

-Државните прашања и националните интереси, како и одлуките за државата се носат во Македонија и македонското Собрание. Граѓаните на предвремените парламентарни избори ќе го казнат ова антидржавно однесување на СДС и Ковачевски, стои во партиското соопштение.