„Титан“ на Жулија Дукурно ја доби Златната палма во Кан

Триесет и седум годишната Французинка, Жулија Дукурно, е втора жена режисер што ја освоила Златната палма на Канскиот филмски фестивал, по Џејн Кампион во 1993 година за „Час по Пијано“.

Тоа е огромна игра на покер – во понеделникот изјави Дукурно за нејзиниот нов филм и за играта на Винсент Линдон, непрепознатлив како пожарникарски капетан.