„Титаник 3“ одложен за 22 февруари, се бара присуство на важен сведок 

Судијата во предметот „Титаник 3“, го одложи денешното рочиште за 22 февруари со цел да се обезбеди еден од клучните сведоци во постапката, предложен од СЈО.

Судот го задолжи Специјалното јавно обвинителство да вложи дополннителни напори и за следното рочиште да го обезбеди сведокот, којшто имал адреса на живеење во Германија.

Во „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ кои се товарат дека како членови на ОИК во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.