Тите: Времето ќе покаже дали ќе останам селектор

Селекторот на Бразил, Тите по елиминацијата на Бразил од Белгија рече дека не е задоволен од играта на својот тим, но нагласи дека не сака да разговара за статусот во националниот тим.

Белгија беше поефикасна во реализацијата на нивните можности. Имаат многу врвни фудбалери и нивниот голман беше одличен. Ова беше натпревар исклучително квалитетен на две добри репрезентации. Ако си неутрален, можеш да кажеш: „Каков натпревар!И покрај тоа што ми тешко по ваков пораз, сигурен сум дека кога пак ќе го гледам натпреварот ќе уживам во добриот фудбал, изјави Тите.

Секако кога Бразил ќе биде елиминиран во оваа фаза на натпреварување селекторот е на тапет.

За мојата иднина нема да зборувам, сега. Мислам дека не е ввреме ниту место. Јас уште мислам на натпреварот и каде погрешивме. Времето ќе покаже. Кога ќе слегне прашината по две недели ќе донесам одлука, заврши селекторот на „кариоките“.