Тито ти си кукавица од политичар, ти си ниедна вера и не припаѓаш на честитиот македонски народ

299

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави жесток статус против лидерот на НСДП, Тито Петковски.

Повод за реакцијата на Арсовски беше интервју на телевизијата Канал 5, на Петковски, кој инаку одлго време го немаше во јавноста.

Го слушам Тито Петковски на „Само вистина“ вика дека ние граѓаните на Република Македонија сме биле изгубени и безидејни луѓе и дека секогаш требало некој да дојде да не пренесе за рака од другата страна. Исто рече дека не сме знаеле сами како народ да се управуваме и да водиме држава, требало некој од надвор да не води.
Чудно, баш тој Тито Петковски од како знам за мене 26 години колку што имам е во политиката и баш тој Тито Петковски не си оди од политиката да остави простор на некој со идеја и визија. Тито, време е да одиш во мировина, да се пензионираш и да не спасиш од злото што го носиш во тебе. Ти си една кукавица од политичар што го уназадуваш, омаловажуваш и потценуваш народот на кој припаѓаш. Всушност ти не припаѓаш на тој честит македонски народ, ти си ниедна вера што не припаѓа никаде, освен на оваа хунта на власт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.