Титови леви сили: Нема да коалицираме со СДСМ, туку со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата Титови леви сили најостро ги демантира шпекулациите дека на следните парламентатни избори ќе коалицираат со СДСМ. Претседателот на партијата Горан Арсовски во изјава за „Република“ објаснува дека органите веќе донеле одлука да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ.

-Се сомневам дека шпекулациите се дело на наши поранешни членови кои направија финансиски злоупотреби за што се пријавени во финаниската полиција и Јавното обвинителство. Од револт можеби тие се претставиле како претставници на партијата. Единствен легален претседател сум јас. Конгресот на партијата донесе одлука за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ-вели Арсовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.