ТМРО бара итна амнестија од Иванов за осомничените за 27 април

Политичката партија ТМРО, на чие чело е Ванчо Шехтански, бара претседателот Ѓорѓе Иванов итно да ги помилува сите 36 обвниети за нередите во македонското Собрание, кои се случија на 27 април, годинава.

ТМРО апелира до Претседателот Ѓорѓе Иванов , итно со акт на помилување за сите 36 обвинети за настаните од 27 април, да ја смири состојбата. Треба да се има во предвид и тоа што битието на делото кое се става на товар на обвинетите е сторено по чинот на провокативно пеење химна на странска држава од страна на пратеник и тоа во Македонскиот парламент, понижувајќи ги Македонците ,чин што остана несанкциониран и тогаш, а и потоа, а беше повод за ескалација на настаните и влегување на народот во законодавниот дом, што никако не ги оправдува настаните и постапките кои загрозија човечки животи, но имаат олеснителни околности за помилување  на сторителите, се вели во соопштението до јавноста на ТМРО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.