ТМРО: Без една изборна единица нема регуларни парламентарни избори

ТМРО бара од парламентарните партии да не се опструира Законот за избори со кој Македонија ќе биде една изборна единица без изборен праг.

„Намерно се молчи и не се постапува по препораките на ОБСЕ за измени во чудниот Изборен закон со 6 изборни единици каде со некаков Донтов модел се додаваат сите гласови на партиите кои немаат 8000 гласа и тоа на начин 70% на првиот и 30% на вториот односно на дпмне и сдсм кои на тој начин добиваат туѓи гласови  и астрономски бројки кои не се реални како и пратеници кои не им се освоени. Без една изборна единица нема регуларни парламентарни избори и легитимна власт па редно е демократизација и на Македонската држава и нејзиниот законодавен дом“, истакна претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.