Тојота и БМВ го запираат производството во Европа

Произведувачите на автомобили Тојота и БМВ соопштија дека го запираат производството во фабриките во Европа.

Во двете фабрики на Тојота во Велика Британија се вработени 3000 луѓе, кои ќе бидат на платено отсуство. Според очекувањата, прекинот на производството ќе трае најмалку две седмици, јави Би Би Си.

БМВ најави слични чекори, односно прекин на производството во фабриките во Европа и Јужна Африка.

Двете фабрики појаснија дека дошло до опаѓање на продажбата на автомобили поради епидемијата на коронавирусот, дека имаат тешкотии во одржувањето на синџирот на набавка, но и дека сакаат да ги заштитат вработените од заразата.