„Тојота“ нема да ги отвори фабриките во Европа до средината на април

31

Водечкиот јапонски производител на автомобили „Тојота“ нема да го обнови производството во своите погони во европските земји најмалку до 20 април поради ширењето на новиот коронавирус.

Станува збор за погоди во Турција, Португалија, Велика Британија, Полска, Чешка и Франција кои не работат од 16 март. Фабриката во Санкт Петербург е затворена за периодот од 28 март до 5 април.

Во моментов, сите фабрики на Тојота во европскиот регион не работат. Минатата година компанијата произведе околу 780,000 возила во Европа.

Поради коронавирусот, јапонскиот концерн претходно делумно го запре производството во своите погони во Северна Америка и Југоисточна Азија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.