Жител на округот Кабарус во американската сојузна држава Северна Каролина навистина го следи среќата со пари, бидејќи трипати за четири години освоил премија на лотарија, а сите трипати добитниот тикет го купил во иста продавница.
Тери Спалун од местото Конорд освоил 100.000 долари на извлекувањето на 6-ти септември, на американскиот празник Денот на трудот.
„Неверојатно. Навистина е забавно да се добива“, изјавил среќникот за локалните медиуми.
Среќата првпат му се насмеала во април 2017 година, кога купил тикет за лотаријата Millionaire Bucks во локалната продавница „Sam’s Mini Stop“ во Конкорд и тогаш го освоил првиот милион долари.
Две години подоцна, во март 2019-та, со тикет од лотаријата 150 Million Cash Explosion купен во истата продавница го освоил својот втор милион долари.
Во понеделникот, 6-ти септември, неговиот тикет купен за 20 долари, повторно во истата продавница, освоил 100.000 долари. По одземените сојузни и државни даноци дома се вратил со 70.756 долари.