Магазинот The Grocer во една студија направи споредба на навиката за пиење кафе или чај во различни општествено-економски групи и откри дека дури 36 отсто од луѓето кои имаат ниски приходи ставаат шеќер во кафето или чајот, за разлика од 26 отсто кои имаат повисоки примања.
Две лажички шеќер ставаат девет отсто од богатите и 19 отсто од посиромашните испитаници.
-Колку шеќер пиете со кафето многу зборува за вас. Да речеме дека оние со помали приходи ставаат повеќе од две коцки шеќер во своето кафе или чај за разлика од оние со повисоки приходи, се наведува во истражувањето.
Сепак, жените се тие кои во поголем број пијат кафе без шеќер, за разлика од мажите, пишува Дејли Мејл.