Тоа што пред една година можело да се купи со 500 денари, сега не може ни со 1.000 денари, Владата е неспособна, посочи ВМРО-ДПМНЕ

„Владата е неспособна, инфлацијата е двоцифрена, за еден ден цените на горивата и храната се качија и по 15 денари. Горивата поскапеа за еден ден за 15 денари, 90% од тоа покачување не е резултат на флуктуациите на светските берзи, туку на зголемената акциза која ја наметна СДСМ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Цените на храната за еден ден се зголемија, исто така, за 15 денари. Брашното, лебот и шеќерот се продаваат и по 60 денари, а зејтинот над 160 денари за литар.

ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки за намалување на цените на горивата и храната, но СДСМ се однесува игнорантски. Инфлацијата која веќе една година ја јаде економијата не е увезена, туку е резултат на неспособната Влада. Тоа што пред една година можело да се купи со 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари. СДСМ нема капацитет да ја стабилизира економијата и да донесе напредок“, велат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.