Тодоров: Бегањето на СДСМ од дебата за Тиранската платформа говори дека не се подготвени пред народот да кажат што прифатиле

Тоа е суштината. Бегањето од дебата на СДСМ околу Тиранската платформа говори за тоа дека не се подготвени пред народот да кажат што прифатиле и дали тоа за тоа што го прифатиле добиле доверба од граѓаните, истакна во вестите во ТВ 24 членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.

-Тиранската платформа да не се дозволи да биде насилно имплементирана во Македонија затоа што сметаме дека тоа е една сериозна изборна измама на граѓаните без разлика за кого гласале или воопштво не гласале, затоа што ако граѓаните би знаеле дека вакво нешто треба да се имплементира по изборите веројатно поинаку би гласале, вели Тодоров.