Тодоров: Извршени 14 неонатални кардио-хируршки интервенции на Детска хирургија во Скопје

Вкупно 14 неонатални кардио-хирургишки интервенции се направени на Детска хирургија во Скопје, од страна на неонатални кардиохирурзи од САД, кои по шести пат престојуваат во Македонија за таа цел.

Ова го истакна министерот за здравство Никола Тодоров по денешната посета на Детска хирургија, додавајќи дека наскоро овие специјалисти терба да извршат уште една хируршка интервенција на Клиниката во Скопје.

Десет од овие интервенции, како што посочи Тодоров, се операции на отворено срце, четири интервенции биле изведени како интервентна кардиологија, како и една комбинација од интервентна карддиологија и операција на отворено срце.

Со овие интеревенции,нагласи, освен што се спасуваат многу детски животи, се врши и обука на македонските лекари и останат медицински персонал, кои по завршувањето на проектот ќе работат самостојно и ќе изведуваат неонатални кардиохируршки интеревнции.

Тодоров нагласи дека за разлика од претходниот пат кога овие интервенции се работеле заедно со доктори од Клиниката за кардиологија, овој пат во интервенциите биле вклучени докторите од Детската клиника.

Интервенциите поминале успешно и децата се во одлична состојба, освен едно новороденче кое било родено без крвни садови и не успеало да преживее.

Тој доаде дека уште 18 неонатални кардиохирургишки интервенции се закажани за јунската сесија.

Ресорниот министер нагласи дека годинава наместо четири се направени пет сесии на посети на специјалисти од САД, со што, се помал број на деца ќе треба да патуваат во странство, истакнувајќи дека благодарение на проектот годишно по едно или максимум две деца се приморани да заминат на лекување во странство.

Тодоров очекува од оваа година да почанат да доаѓаат и деца од странство во Македонија, за извршување на оваа хируршка интервенција, пред се од соседните зeмји.