Тодоров: До септември комплетно ќе биде реновирана Прилепската болница

До септември целосно внатрешно ќе биде реновирана Прилепската градска болница, најави министерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на болницата. Тој беше во обиколка и во контрола како течат работите.

– Детското одделение е комплетно реновирано и има пациенти, кои имааат подобри услови за престој, а вроботените за работа. Ова комплетно реновирање доаѓа по 30-ина години и целиот зафат чини околу 70 милиони денари, изјави Тодоров и изрази задоволство од начинот на кој течат работите.

Секое одделение, додаде, ќе се реновира, за на крајот да се обноват операционите сали.

– Во тек е реновирањето на Невролошкото одделение, потоа одиме со сите катови за на крај да се заврши со операционите сали и до почетокот на септември да имаме комплетно реновирана болница, потенцираТодоров.

Директорот на Прилепската градска болница Петар Ристески посочи дека покрајреновирањето, болницат аи кадрвоски се доекипира.

– До 10 јуни треба да биде готово Интерното одделение, машкиот оддел. Болницата се доопремува, а и кадровски се екипира. Имаме 18 лекари на специјализација дома, уште тројца се на специјализација во Белград, а шест лекари се на специјализација со кофинансирање, посочи Ристески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.