24.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Тодоровска: Дали Христо Кондовски е кривично осуден за нанесување тешки телесни повреди?

Менаџерот за живот на рати, Христо Кондовски, има многу лица, по едно за секоја прилика, ама сите само за негова корист, истакна Марица Тодоровска, кандидат за советник во Советот на општина Битола.

-Го прашуваме Христо Кондовски дали е кривично осуден за нанесување тешки телесни повреди?

Дали во 2009 за влакно избегна да отслужи затворска казна за тепачка?

Дали човек кој физички се тепа по улици и нанесува тешки повреди на други луѓе може да е вистински хуманист или само ефтин промотор за лична корист?

Почитувани битолчани, вистинското лица на Христо Кондовски не може да се препокрие ниту со милијарда билборди и плакати низ градот.

Кога тој оди кај земјоделците им ги зема сите пари а им ги враќа на рати.

Кога оди кај старите и изнемоштени лица оди да се слика со нив иако е строго забрането да ги злоупотребува во изборни кампањи.

Кога се фали колку е успешен не кажува дали е точно дека бизнис партнерите не му веруваат. Дали е точно дека не ја откупија неговата обврзница, а наголемо се зборува дека главните негови финансиери сакаат да се повлечат од партнерството, оти Христо немал пари да ги исплати, па се втурнал во политика надевајќи се дека од општинската каса ќе заработи доволно за да ги врати процентите кои им ги должи на своето бизнис – политичкото друштво.

Почитувани, Христо Кондовски е насилник, насилник со луѓето, насилник во бизнисот, насилник со старите и изнемоштени, тој е се само не хуманист и човек кој сака да работи за доброто на сите.

Тој работи и ќе продолжи да работи само за личен профит и процентите што ги должи кон другарите од Струмица, додава Тодоровска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.