Тошо Малерот откри зошто пропадна К-15 и каква улога имаше власта

Васко Тодоров, култниот комичар позади ликот на Тошо Малерот од К-15 во синоќешното гостување на „Јади бурек“ на ТВ Сонце говореше за својата нова книга насловена како „Монологија“, но и тоа како К-15 опстоиле толку долго време.

„Никогаш не бевме политички играчи. Ако бевме политички играчи, К-15 немаше да постои и немаше да биде толку гледано. Ако сакаш да имаш здрава сатира, мора тие што ја прават да бидат независни. Ние направивме производ што сам се продаваше“, истакна Тодоров.

Според Тодоров, екипата никогаш немала притисок од власта.

„Никогаш не сме биле цензурирани, престанавме со работа затоа што отидовме во стечај поради банкрот а не како последица на одмазда од власта“, рече Тодоров.