Ерик Тохир, познатиот бизнисмен од Индонезија и сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека може да потврди, но само со 90 oтсто сигурност, дека српскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ, ќе биде првата летна аквизиција на „нероазурите”.
„Кога е во прашање најавениот трансфер на Видиќ, јас можам да потврдам дека со 90 отсто сигурност, Видиќ ќе биде нов фудбалер на Интер. Кога ќе ги дефинираме и последните детали од посакуванта соработка, ќе соопштам дека Видиќ и дефинитивно е најнова аквизиција на Интер. Сега можам да потврдам дека сме седнати на преговарачката маса и малку фали за да најдеме заеднички јазик”, изјави сопственикот на Интер.