За трите банки кои се најголеми доверители на „Фени Индустри“ и кои поради долг од 40 милиони евра од вкупен долг од 60 милиони евра кон сите доверителите со сума од околу 20 милиони евра вложени на почеток на преговорите би се согласиле кој и да е спремен да ги даде да ја презеде компанијата. Оваа сума е под претпоставка дека Кунико и натаму ќе остане на ставот дека компанијата ја продава за едно евро, а за возврат да биде ослободена од сите долгови, пишува порталот „Фактор“.
Според Хари Костов, директорот на Комерцијална банка, оваа сума би била за почеток доволна да се покрие дел од долгот кој Кунико го има направено кон банките, потоа да ги искористи овие пари за покривање на тековните трошоци на „Фени“, да вложи во суровини за да не страда производството, да ги плати вработените, како и да ги покрие останатите неизбежни трошоци. Банките сега се грижат печките на „Фени“ да не згаснат и потрошиле 250 илјади евра за две недели.
Со оглед на огромните суми во игра и високите долгови, но и примамливоста на „Фени“ доколку се реструктуира на интересираше дали банките би „простиле“ дел од долгот на некој иден инвеститор со тоа што би добиле удел во сопственичката структура. Ова прашање на ироничен начин го одговори директорот Костов кој вели дека немаат таков интерес, ниту пак тој или негов роднина до девето колени имале пари или намера да го купат „Фени“ што воопшто не беше дел од прашањето и одговорите беа извадени од контекст.
Сеедно, банките сакаат да најдат стабилен инвеститор кој ќе може да ги поднесе пазарните промени и високите трошоци за работење на „Фени“ што ќе биде гаранција дека ќе може да ги отплаќа долговите и да вложува на долг рок. Досега три компании пројавиле интерес за вложување и банките веќе ги направиле првите проверки на нивната финансиска состојба. Затоа побараа од стечајниот управник Анастасиевски да им дозволи увид во состојбата на „Фени“ и имотот на фабриката по што инвеститорите ќе добијат повеќе информации.
Досега Енекод, бугарската компанија која се договори со Кунико да го води „Фени Индустри“, според Комерцијална, Стопанска банка АД Скопје и Силк Роуд Банка, нема вложено ниту евро во кавадаречкиот комбинат за производство на фероникел. Тие тврдат дека ниту го виделе договорот, ниту пак Енекод е регистриран како сопственик на „Фени“, туку само назначен е Рајчо Кацаров како директор и тоа преку Кунико кој беше досегашен сопственик.
Енекод може да го доврши ветеното дека ќе го реструктира „Фени“, но мора да ги исполни минималните услови за сервисирање на долговите и одржување на фабриката со квалитетен бизнис план. Според претставници на банките можеби целата процедура намерно се одложува за Кунико да прикаже долгови кон фирмата мајка кои потоа би биле сведени на побарување во обид да се извлечат плус пари. Исто така постои можност дека „Кунико“ чека да ги наплати испорачаните фактури кои досега не се наплатени.
Банките тврдат дека со нивниот план се согласиле работниците на „Фени“ кои веќе не се сигурни дека „Енекод“ е способен да ја презеде фабриката и да вложи пари, барем не според тоа што досега го правеше во целата постапка.