Тојота му понуди на Алонсо да вози за нив на Дакар 2020

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо е во преговори со Тојота за учество на релито Дакар 2020 година.

Тимскиот менаџер на Тојота, Жан-Марк Фортен верува дека Шпанецот е подготвен во 2020 година да седне зад воланот на нивниот „теренец“.

Можеме да се обидеме да го сториме тоа со Алонсо. Но, да видиме како ќе поминат преговорите и какви планови има Фернандо. Ние знаеме дека и тој и ние имаме таква желба. Мислам дека ова е реално, изјави Фортен.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.