Токио: Украден прстен вреден 245.000 евра

Крадци во Токио успеале без никаков проблем пред очите на продавачот во еден луксузен бутик да украдат дијамантски прстен вреден 245.000 евра.

Две лице се појавиле во продавницата за накит во луксузната населба Гинза и на мешан англиски и јапонски јазик изразиле желба да погледнат неколку парчиња од изложените прстени.

Потоа побарале од продавачот да ги однесе до најблискиот банкомат за да подигнат пари. Продавачот секако дека ги одбил, но дури откако си заминал „клиентот“ забележал дека му недостасува прстен со дијаманти од вкупно 4,26 карати чија вредност е проценета на 245.000 евра.