Токиската берза во минус, јенот силно зајакна

На азиските пазари, главните индекси забележаа мешани перформанси во петокот, при што јапонскиот индекс Nikkei остро падна по неочекуваната надолна ревизија на јапонскиот БДП за третиот квартал, додека јенот силно порасна.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции порасна за 0,5 отсто. Во исто време, иднексот Nikkei потона за 1,6 отсто, претрпувајќи неделна загуба од 3,3 отсто, што е негов најголем неделен пад од октомври. На токиската берза негативно се одрази фактот што јапонскиот БДП за третиот квартал од оваа година беше ревидиран надолу, па наместо да падне за 0,5 отсто на годишно ниво, тој реално падна за 0,7 отсто. Економистите не очекуваа промени на втората проценка.

Сепак, другите азиски берзи беа во зелено, додека одлуката на индиската централна банка да ја задржи репо-стапката на 6,5 отсто, во согласност со очекувањата на пазарот, имаше смирувачки ефект врз инвеститорите.

Јенот расте во пресрет на промените во јапонската монетарна политика. На девизните пазари, индексот на доларот се лизна за 0,05 отсто од вчера на 103,63 јени, но се уште е на пат за неделна добивка од 0,4 отсто. Истовремено, јенот силно порасна во однос на доларот, околу 2 отсто, на 144,3 јени, а во текот на вчерашното тргување достигна 141,6 јени за долар. Јапонската валута зајакна и во однос на еврото, достигнувајќи го највисокото ниво во последните четири месеци од 155,67 јени за евро.

Во исто време, курсот на еврото стагнира на 1,0792 долари и е на пат кон неделна загуба од 0,8 отсто во однос на американската валута.

Порастот на јенот беше поддржан од последните забелешки на јапонскиот гувернер Казу Уедо во парламентот дека банката се соочува со „уште попредизвикувачка“ година и дека допрва треба да разговара за опциите за одржување на сегашната ултра-лабава монетарна политика, која трговците ја сфатија како знак на монетарни промени. Банката на Јапонија се состанува на 19 декември.

„Сè уште е рано за какви било големи чекори, но веруваме дека е само прашање кога, а не дали, јапонската централна банка ќе го промени режимот на негативни каматни стапки. Овој евентуален пресврт и импликациите што ќе ги има врз капиталот тековите ги поддржуваат нашите прогнози дека јенот е потценет и може да зајакне во текот на следната година. Ова е исто така еден од столбовите на нашата прогноза за слабеење на доларот“, истакнува валутен стратег во „Corpay“, Петер Драгичевич.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.