Том Харди, новиот Џејмс Бонд?

Веќе неколку дена угледни светски медиуми шпекулираат кој ќе биде наследник на Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд.

Најгласни се шпекулациите дека улогата на тајниот британски агент ќе му припадне на Том Харди.Некои извори тврдат дека 43-годишниот Харди веќе потпишал договор со кој се обврзал да ја преземе улогата на агентот 007, објавија британските медиуми.

Харди славно соработуваше со режисерот Кристофер Нолан во филмовите „Inception“, „Dunkirk и „The Dark Knight Rises“. Значајни остварувања му се и улогите во „Bronson“, „Mad Max: Fury Road“ и во суперхеројскиот „Venom”.

Последниот Џејмс Бонд филм со Крег во улогата на агентот 007, „No Time to Die“ конечно ќе има премиера на 11 ноември.

Реакциите на јавноста околу веста дека можеби Харди ќе биде новиот Џејмс Бонд се поделени. Некои се одушевени од изборот, додека други нескриено го критикуваат.