Том Хенкс и Рита Вилсон се отпуштени од болница

Актерот Том Хенкс и Рита Вилсон, неговата сопруга се отпуштени од болницата во Австралија, пет дена откако беа дијагностицирани со коронавирус.

Одделот за здравство на Квинсленд не  ги коментираше информациите дека Том Хенкс и Рита Вилсон се ослободени од болницата и се во самоизолација во куќа што ја изнајмиле.

Официјално е соопштено минатата недела дека се прати состојбата на неколку лица кои биле во контакт со Хенкс и Вилсон по доаѓањето во Австралија, но не се објавени детали од тој мониторинг.