Том Круз со години не ја видел прекрасната ќерка, вели поранешната сопруга Кејти Холмс

Актерката Кејти Холмс проговори за својата ќерка Сури во ретко интервју за магазинот Glamour.

Кејти има дете со Том Круз, а по нејзиното раѓање тие беа постојано под лупа на медиумите. Сури е родена во 2006 година, а Холмс веќе беше светски позната по улогата во серијата Dawson’s Creek, во која глумеше до 2003 година.

„Кога го правевме Досон Крик и беше толку успешен, се сеќавам дека сакав да пораснам како актерка. Сакав да учам од другите луѓе“, рече Кејти.

Таа се омажила за Круз во 2006 година. Тогаш тој беше голема ѕвезда, пред сѐ поради Топ Ган. Медиумите ја прогонуваа Кејти во текот на нејзиниот брак со актерот, кој траеше до 2012 година. Фотографии од нивната ќерка се објавуваа речиси секојдневно.

Актерката, која сега е самохрана мајка, вели дека сакала да го заштити своето дете, па направила мала пауза од кариерата. До 2011 година играла само епизодни улоги и се појавувала во серии како „Како ја запознав мајка ти“. Но, во текот на своето растење, Сури беше на удар на папараците.

“Таа беше толку млада и толку многу во медиумите. Ми беше важно да ја заштитам. Многу сум благодарна што сум нејзина мајка. Таа е неверојатна личност”, рекла Кејти.

Сури сега има 16 години и работи со нејзината мајка на филмови.

Нејзиниот глас може да се слушне на саундтракот за филмот „Ретки предмети“, во режија на Кејти.

“Се надевам дека таа секогаш ќе прави нешто на моите филмови. Секогаш ја прашувам. Тоа многу ми значи”, вели Кејти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.