Томас Бах: Нема одложување на Олимписките игри!

Претседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК), Томас Бах дена не постои ни еден процент шанса да се одложат Летните Олимписки игри во Токио закажани за летово, откако веќе два месеци медиумите постојано шпекулираат дека сè поизвесна е опцијата за откажување на игрите или поместување за кон крајот на годинава поради ситуацијата со епидемијата на коронавирусот.

Игрите се предвидени да се одржат од 24 јули до 9 август во Токио, но епидемијата која брзо се прошири од Кина низ светот, па веќе се откажуваат низа настани во овој период, е сериозна закана за најголемиот спортски фестивал.

„Никогаш никој не споменал збор на одложување или откажување. Ме прашувате зошто сум така сигурен? Бидејќи постојано рзговараме со експерти. Ние сме светска организација, која е во постојан контакт со Светската здравствена организација (СЗО). И не сакам да шпекулирам со друго“, рекол Бах.

Првиот човек на ИОК, посочи дека не сака ништо да шпекулира, ниту да нагаѓа што би се случило ако СЗО прогласи пандемија.

„Немам намера ништо да нагаѓам. Дека проблемот (со коронавирусот – н.з.) е предизвик, тоа да. Ама, јас сум горд на олимпиското движење поради неверојатната солидарност и флексибилност која досега ја покажуваше“, објави Бах.

Во моментов на светско ниво има нешто над 90.000 заболени од коронавирус, од кои 51 илјада веќе се излечени, а нешто над 3.000 починаа од новиот вирус кој се појави во Кина пред крајот на минатата година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.