Томиќ останува во „Барселона“ до 2020 година

Хрватскиот кошаркар Анте Томиќ го продолжи договорот со „Барселона“ до 2020 година.
Искусниот центар (31) на тој начин ќе го продолжи долгогодишниот стаж во Блауграна во која стигна во 2012 година од мадридски „Реал“.

Во меѓувреме одигра 434 натпревари за Каталонците и стана странец со најмногу мечеви за клубот.
Минатата сезона имаше во просек 9,7 поени и 4,9 скока за екипата на Светислав Пешиќ во Евролигата, што беше доволно да го убеди српскиот тренер да го задрќи и во иднина.

Со продолжение на соработката со Хрватот, „Барселона“ продолжува со комплетирање на составот за наредната сезона. Ова лето во тимот стигнаа Кевин Пенгос, Кајли Кјурик, Крис Синглтон и Артем Пустовиј.