Томовски: Веруваме во нас, само не треба да „летаме во облаци“

Мартин Томовски се подготвува и со нетрпение го почетокот на ракоментното Светско првенство кое ќе започне кон средината на јануари во Шведска и Полска.

„Ќе почнам од атмосферата, одлична е, ја надоградуваме. Еве сега веќе не сме млади, туку сме тие што треба да преземеме одговорност, ние сме сега во тој дел, каде што ние сме постари и треба да им помогнеме на помладите. Секој има своја задача, напорно е, но во одличен амбиент се тренира. Мора ова да се одработи, ова е таква фаза на подготовки.

За противниците, засега специфично не се подготвуваме, нашето време е посветено на нас, на нашата игра, на тој систем на селекторот. Има разни идеи, брзи напади, нормално и сигурна игра до позиции и можам да кажам дека се е во ред. Засега сите се здрави и тоа ми е најголема желба, да останеме сите така. Потоа, селекторот ќе одлучува кој ќе оди натаму“, ни изјави Томовски.

Засега најголем акцент се става на одбраната. Впрочем формулата за добар напад „лежи“ во добрата дефанзива.

„Посветуваме големо внимание на играта на одбрана. Ако имаме добра дефанзива ќе бидеме сите поефективни и сите можеме повеќе да придонесеме во целата игра, да не се трошат премногу сите. Веруваме во нас, но да не летаме во облаци. Во овој момент сме фокусирани на подготовките, турнирот во Хрватска, па ќе добиеме јасна слика, ќе направиме последни корекции и да се претставиме во најдобро светло“.

Ракометарите во сабота се враќаат од Маврово, по ден одмор се враќаат во сала и продолжуваат со вториот дел од подготовките. Пред ракометниот мундијал ќе одиграат уште две пријателски средби против Хрватска и Израел во рамките на „Кроација Купот“.

На првенството Македонија е во групата со Норвешка, Холандија и Аргентина.